„Ѓоковиќ може да игра на ова ниво и по четириесет години“

Познатиот тениски тренер Патрик Муратоглу даде нови согледувања за Новак Ѓоковиќ.

Муратоглу често на социјалните мрежи ги споделува своите ставови за тенисот, а овој пат погледна колку време Новак е на врвот.

Тој отиде дотаму што истакна дека Ѓоковиќ може да биде на врвот на светот дури и кога ќе влезе во својата петта деценија.

“Никогаш не сум видел 36-годишен играч во таква форма. Фактот што е толку фокусиран и сериозен го прави најдобар спортист во светот. Моето мислење е дека тој е најдобриот спортист на светот. Мислам дека тој може да игра на приближно ниво и по четириесет години. Не велам „Да, ќе, но мислам дека може. Се разбира, зависи од неговата мотивација и можните повреди, бидејќи, се разбира, секој може да се повреди “, рече Муратоглу .

Сепак, Французинот не мисли дека тоа ќе се случи.

„Но, неговото тело е исклучително младо за неговата возраст. Тоа е очигледно во неговото движење. Неговата способност брзо да се опорави е резултат на долгогодишна дисциплина. Тој е посветен на максимум, ангажира добри експерти со кои работи секој ден, тој постојано открива и користи нови, напредни техники за усовршување Воден е од амбицијата да руши рекорди, за таа цел максимално го третира своето тело за да може да издржи што подолго на врвно ниво“, заклучи Муратоглу .

Да потсетиме, Ѓоковиќ во мај ќе наполни 37 години, токму на време за стартот на Ролан Гарос, кој ќе се одржи следната година од 20 мај до 9 јуни.