„Пиши кога ќе стигнеш“ – симболична поддршка и порака од учениците во Грција

Ученици од неколку училишта во различни делови на Грција одбраа на свој начин, преку пораки „испишани“ со помош на нивните ранци, да изразат поддршка, но и протест за железничката несреќа со најмалку 46 жртви.

Во пораките на учениците преовладува фразата „Пиши кога ќе стигнеш“ која по трагедијата е актуелна на социјалните мрежи во Грција по железничката несреќа, но со нивните ранци испишаа и „Јави се кога ќе стигнеш“; „Темпи“, „Бес“ и порачаа „Да не се повтори криминалот“.

Фотографиите од пораки од дворовите на средни и основни училишта во Атина, Месолонги, Пилио итн. се споделуваат на социјалните мрежи.