„ПИЈАМ ЧАЈ И САКАМ ДА СЕ УБИЈАМ“: Објавени болните пораки на монструмот од Прага кој во масакрот УБИЛ НАЈМАЛКУ 15 И РАНИЛ 24 ЛУЃЕ (ФОТО/ВИДЕО)
Пред масакрот, убиецот објавувал грозоморни пораки.
Најмалку 14 лица загинаа, а 24 се ранети, од кои неколку потешко, во пукање на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет во Прага вчера попладне.
Инцидентот се случил околу три часот во главната зграда на факултетот на плоштадот Јан Палах во центарот на градот, соопшти полицијата.
Убиецот, за кој се верува дека дејствувал сам, извршил самоубиство.
Масовниот убиец од Прага, како што пренесуваат медиумите, е 24-годишниот Дејвид Козак. Според медиумите, во четвртокот попладне полицијата започнала потрага по него бидејќи го поврзувала со случај на насилна смрт на Кладно.
Младиот човек потоа отишол на универзитетот, каде извршил масовно убиство.
Students at the University of Prague climbed onto a ledge to hide from the gunman.
— End Wokeness (@ENDWOKENSS) December 21, 2023
At least 11 dead including the suspect who fell from his rooftop position. pic.twitter.com/Ii8OOviQmb
Наставник од факултетот кој не сакаше да го открие својот идентитет рече дека учениците и наставниците добиле е-пошта претходно денес во која им се вели да се забарикадираат.
– Забарикадирани сме на вториот кат, на четврти требаше да има пукање – изјави наставникот, кој додаде дека слушнал неколку истрели.
#WATCH : Eyewitness video- Gunshots are audible in the corridor as students take refuge in classrooms.
— upuknews (@upuknews1) December 21, 2023
#Shooting #Prague #Czech #CharlesUniversity #DavidKozak pic.twitter.com/QzDDvd3DUN
Сличен мејл добиле и вработените во Факултетот за уметности и индустрија, кој исто така се наоѓа во близина на овој факултет.
Според полициски извор, убиецот бил Чех, студент по историја со ментални проблеми. Тој, наводно, го убил својот татко дома, а потоа поставил рачно изработена бомба таму, која наводно не експлодирала.
– Инспирацијата ја наоѓал во странски филмови и слични страшни настани во странство – соопшти полицијата на прес-конференција.
Students at the University of Prague climbed onto a ledge to hide from the gunman.
— End Wokeness (@ENDWOKENSS) December 21, 2023
At least 11 dead including the suspect who fell from his rooftop position. pic.twitter.com/Ii8OOviQmb
Според она што го напишал таму, тој отсекогаш сонувал да изврши масовно убиство, а инспирација му биле Иљаз Гаљавјев (тој извршил пукање во гимназијата во Казан во 2021 година, убивајќи 9 луѓе) и Алина Афанаскина (неодамна изврши пукање во училиштето во Брјанск).
Алина ми стана последната точка – напиша Дејвид Козак.
-Како навреме да ми дојде на помош од рајот.
Застрашувачките пораки продолжија да се слеваат.
Пиев чај и сакам да се убијам – напиша тој на својот профил.
Го мразам овој свет и сакам да предизвикам што повеќе болка во него – напиша тој на 17 декември.
🚨𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐈𝐍𝐆🚨𝐏𝐫𝐚𝐠𝐮𝐞 𝐔𝐧𝐢𝐯𝐞𝐫𝐬𝐢𝐭𝐲 𝐔𝐩𝐝𝐚𝐭𝐞.
— Right Angle News Network (@Rightanglenews) December 21, 2023
This is a message from the apparent perp of the shooting at Prague University. His name is David Kozak. I am unable to 100% verify this but this is an update I have for you. As soon as I get more information on… pic.twitter.com/UWiU2yrbYJ
Полицијата продолжува да работи на местото на престрелката и досега идентификувала 11 жртви.
Најмалку 14 лица загинаа, а 25 се повредени во пукање на Филозофскиот факултет во Прага во четвртокот попладне. Мртов е и напаѓачот Дејвид Козак (24).
Состојбата на повредените во масакрот е стабилна по пукањето, јави чешката телевизија, повикувајќи се на болница во Прага. Пациентите беа застрелани во главата, градите или екстремитетите, некои мораа да бидат оперирани.
Чешките медиуми јавуваат дека луѓето донирале милиони круни за помош на настраданите од трагедијата на Филозофскиот факултет во Прага.
Според податоците, над 2,5 милиони круни се собрани во донаторскиот фонд на Карловиот Универзитетот.
Полицијата соопшти дека презела мерки на претпазливост низ целата земја против меки цели и училишта.