Платеник од Полска бара пари од Киев: Откриено колкава отштета добива семејството на секој платеник кој загинал во борбата против Русија (фото)

Полскиот волонтер Пјотр Миткиевич побара од Киев да им плати отштета на семејствата на Полјаците кои загинаа во војната во Украина.

Миткиевич тврди дека семејствата на ниту еден повреден платеник од Полска сe уште не го добило ветениот надомест.

– Службениците во штабот навистина сакаат да ни помогнат, но мислам дека никој од волонтерите сè уште не добил отштета, така што навистина немаат процедура – изјави Миткиевич во интервју за полски Онет.

Миткиевич тврди дека ветената финансиска отштета за семејствата на загинатите Полјаци изнесува 15 милиони гривни или околу 400.000 долари.

– Одржувајте го зборот, исплатете ги парите на семејствата, бидејќи кога отидовме да се бориме рамо до рамо со нашите браќа Украинци, знаевме дека нашите најблиски некако ќе бидат финансиски безбедни ако умреме – повика Миткевич.

Платеник од Полска се борел повеќе од една година кај Бахмут и вели дека неодамна бил ранет во битките кај Клешчејевка.

– Мислев дека ќе се вратам на фронтот за две недели, но докторот ми даде 30 дена одмор. За 10 дена имам лекарски преглед и се надевам дека ќе бидам подготвен за борба – изјави платеникот кој нагласи дека отишол во војна за да не и’ се случи на неговата земја ситуацијата слична како оваа во Украина.

Странските волонтери често умираат во Украина. Неодамна во Украина загина платеник од Британија, Џордан Чадвик (31), а пред него загина и волонтер од Колумбија.