Платформата X на Илона Маск вреди 19 милијарди долари

Компанијата X, во сопственост на Илон Маск, е проценета на 19 милијарди долари врз основа на вредноста на акциите што им се доделуваат на вработените, пишува магазинот Fortune.

Компанијата X, порано Твитер, се проценува на 19 милијарди долари врз основа на нејзиниот план за компензација на вработените, објави магазинот, цитирајќи два извори запознаени со ова прашање.

Како што се наведува, компанијата на вработените им дава надомест во вид на право на добивање акции со ограничени контролни права, а цената на една акција е 45 долари.

Магазинот потсетува дека во март компанијата на вработените им понудила акции, чија вкупна вредност се проценувала на 20 милијарди долари.