Плачењето позитивно влијае на нашето тело и ум

За многумина, плачењето сè e уште табу тема, но понекогаш само треба да дозволиме тој „водопад“ да си го направи своето и да го заштити нашето тело и ум. Трогателни филмови, стресни настани дома или на работа, па дури и добри вести, како свадба или раѓањето на бебе, може да доведат до солзи, а еве како плачењето позитивно влијае на нас.

Луѓето се единствениот вид што плаче поради емоции, иако научниците сè уште не знаат точно како физичкиот чин на плачење е поврзан со нашите чувства.

– Се чини дека плачењето започнува веднаш по врвот на физиолошкото возбудување бидејќи симпатичката активност почнува да се намалува, а парасимпатичката активност се зголемува, помагајќи му на телото да се врати во хомеостаза – изјави др. Лорен Билсма, доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург.

Биолошки процес

Солзите ги навлажнуваат очите и ги одржуваат здрави. Биолошката функција на солзите е да го одржуваат окото влажно и да го заштитат од пареа или бактерии кои влегуваат во окото.

Се чини дека емоционалните солзи еволуирале од овој основен биолошки процес во нешто покомплексно кај луѓето, што може да се појави од чисто емоционални, а не од физички причини. На оние кои речиси никогаш не плачат може да им се развијат исуши окото, што може да предизвика болка, па дури и да доведе до губење на видот.