Добитник на денот: Италијанецот утрово не беше меѓу учесниците на Австралија опен, а сега е во второто коло
Италијанецот Франческо Пасаро, кој минатата недела го прослави својот 24-ти роденден, е неочекуваниот победник на денот на Австралија Опен.
Имено, утринава името на Пасар го немаше меѓу 128-те учесници во главната ждрепка на Австралија опен, а потоа доби покана од организаторите да се подготви за мечот од првото коло против Григор Димитров.
Имено, Димитров требаше да игра во првото коло против Фабио Фоњини, но Италијанецот утрово се повлече од натпреварувањето поради повреда, а на негово место се најде Пасаро како среќен губитник од квалификациите.
Пасаро, 104. тенисер во светот, беше во улога на апсолутен аутсајдер против десеттиот тенисер во светот, но помина по само еден час игра.
Првиот сет Италијанецот го доби со 7:5, а во вториот водеше со 2:1 кога Димитров му пријде на судијата и му покажа дека не може да го продолжи дуелот поради повреда на колкот.
Пасаро во второто коло ќе игра против Бенџамин Бонзи, 64. тенисер во светот, а ќе видиме дали ќе продолжи да изненадува на првиот Грен слем турнир во сезоната.