„ПОБРЗАЈТЕ, МИ ГО УБИЈА МАЖОТ“ Сопругата гледала од терасата како непозната жена му забила нож во грбот на нејзиниот сопруг

Маж (43) утрово е брутално убиен на улица во Халкида, Грција, а неговата сопруга од тераса го следела злосторството.

Несреќниот маж бил нападнат од непозната жена (38) кога влегувал во својот автомобил. Го прободела четири пати во грбот.
Се се случило околу 8 часот, пред очите на неговата сопруга

„Побрзајте, ми го убија мојот сопруг“, рекла таа врескајќи додека повика полиција.

Полицијата ја пронашла жртвата во локва крв, со сечило кое му излегувало од телото, додека другиот крвав нож бил во близина на возилото.

Осомничената за убиството била уапсена на лице место, бидејќи недалеку од убиениот ја пречекала полицијата, а облеката и била извалкана со крв.

Нерасчистени љубовни врски се сомневаат дека се мотив за ова убиство.