Во Дагестан се случи уште едно убиство на борец.
Дагестан е руска република позната по борците во различни боречки вештини, но за нив има се повеќе вести кои влегуваат во црната хроника.
Еден таков доаѓа од Дербент, град на брегот на Каспиското Море во близина на границата со Азербејџан.
Има голем број на организации и светски првенства во џиу-џицу, а еден од повеќекратните шампиони во тој спорт бил Видади Марданов, 32-годишниот маж кој бил убиен пред својот дом во утринските часови од понеделник кон вторникот.
На пресметката е поканет Марданов, кој бил и претседател на NFC MMA граплинг лигата, пишуваат руските медиуми. Тој излегол од својата куќа по 4 часот наутро и потоа бил егзекутиран.
Напаѓачите испукале од огнено оружје и побегнале во Лада, јавуваат медиумите изјави на сведоци.
Полицијата во Дербент набрзо ги објави имињата на напаѓачите. Станува збор за двојка кои се на возраст од 20-на години, Тимур Асадомов и Абдумуслим Мртазалиев.