“ИМ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ПРЕД НОС” – Сопственик на ресторан им забранил на Пике и Клара да влезат, камерата го снимила незгодниот момент (ВИДЕО)

Жерард Пике и неговата девојка Клара Чиа сè почесто се појавуваат заедно во јавноста, а неодамна доживеале непријатност во ресторан.

Имено, парот планирал да помине романтична вечер во луксузен јапонски ресторан, но таму не биле добредојдени.

Кога пристигнале во ресторанот, не сакале да им отворат врата. Сопственикот им забранил да влезат бидејќи е голем обожавател на Шакира.

Клара и Пике се свртеле и си заминале држејќи се за рака. На нивните лица можело да се види дека биле вознемирени, а потоа им било непријатно. Тие влегле во автомобилот и тргнале во непознат правец.

За потсетување, неодамна новинарите ги снимија како шетаат низ улиците на Барселона, а во еден момент Клара удри во билборд, а тоа го насмеа Пике до солзи.

Според најавите, Шакира треба да објави нова песна овој петок, но сè уште не се знае дали е посветена на Пике.