Шако Полумента го прогласија за мртов! Фолкерот доживеа шок, веднаш реагираше и случајот го пријави во полиција! (ФОТО)

Низ социјалните мрежи се прошири информација дека фолкерот Шако Полумента ненадејно починал. Неговите фотографии почнаа да се споделуваат на TikTok, а сега видно вознемирениот фолкер се огласи и откри за што всушност се работи.

– Почивај во мир цару – пишува на социјалната мрежа ТикТок покрај фотографијата на Шако.

По тој повод, медиумите го контактирале фолкерот, кој признал дека сè уште е во шок.

– Ова се појави пред неколку дена и верувајте останав во шок. Случајот го пријавивме во полиција, треба да е дел од високотехнолошки криминал, но сè уште не знам како судијата ќе оцени сè. Моето семејство се вознемири дома, не е лесно да се види такво нешто. Се започна на Тик Ток, а потоа се прошири понатаму на социјалните мрежи – вели Шако, а потоа открива дека случајот го пријавил кај надлежните органи:

-Треба да го уапсат тој што го започна ова. Треба да се дознае кој е, кој стои односно кој започна со овие објави? Каде е мојата безбедност овде, безбедноста на јавните личности? Ова е голем прекршок и со ваква работа не треба да се игра. Луѓето се збогуваат со мене на интернет, тоа е морничаво. Се чувствувам одлично, здрав сум и кога го видов ова веднаш се огласив. Не можев да верувам што гледам. Ја фотокопирав сликата, направив видео бидејќи тоа се сите докази што треба да ги пријавам. Ова воопшто не можев да го демантирам, но се надевам дека сега преку медиумите ќе се знае за што се работи и дека во иднина таквите работи ќе се санкционираат со добри казни, за никогаш повеќе да не се повторат – изјави Шако.