Повредени членови на КФОР кај Пеќ: Се огласи косовската полиција

Во сообраќајната несреќа меѓу возило на КФОР и камион со локални регистарски таблички што се случи денеска нешто по 15 часот, повредени се неколку лица, меѓу кои и припадници на КФОР, соопштија од Косово.

Несреќата се случила во селото Љешане во општина Пеќ кога од засега непознати причини дошло до директен судир меѓу камион и возило на КФОР.

– Немаме информации за состојбата на жртвите во несреќата – соопштија од полицијата и додаваат дека повеќе информации ќе соопштат по завршувањето на истрагата во која учествуваат и припадници на КФОР.

На фотографиите кои ги објави полицијата на Косово може да се забележат повредени припадници на КФОР.