ПОВТОРНИ СИРЕНИ ЗА ВОЗДУШНА ОПАСНОСТ ВО УКРАИНА: МиГ-31, Су-24 и Су-34 на небото! Во близина на Одеса одекнаа детонации

Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина во вторникот наутро. Прво во Одеса и Николаев, а потоа во Киев, целиот регион Суми и Чернихив.

За разлика од претходните пати кога станува збор за крстосувачки ракети, украинските медиуми јавуваат дека во воздухот има неколку борбени авиони МиГ-31БМ, Су-24МР и Су-34.

Силна детонација се слушна во Мајаковски во Одеса, како и во регионот Таиров.

Белите ленти се видливи на небото. Се претпоставува дека во борба била активна и украинската ПВО.