ПОВТОРНО НОВИ ПРОМЕНИ !? Илон Маск најави подобрување на социјалната мрежа Твитер – еве што планира да направи милијардерот

Илон Маск во понеделникот најави дека ќе ги отстрани сите профили од социјалната мрежа Твитер кои се неактивни веќе неколку години, објаснувајќи дека неговата цел е да ја подобри платформата.

Според политиката на социјалната мрежа Твитер, корисниците треба да се најават на навниот профил најмалку еднаш месечно за да избегнат трајно отстранување поради голема неактивност.

Ги елиминираме профилите кои не се активни со години, па веројатно ќе забележите дека бројот на вашите следбеници се намалува“, предупреди првиот човек на Твитер во објава на соицијалната мрежа.

Откако ја купи социјалната мрежа кон крајот на октомври минатата година за 44 милијарди долари, мултимилијардерот најави големи отпуштања и промени.

Аналитичарите велат дека многу огласувачи ја напуштиле социјалната мрежа и апликацијата, а новата формула за претплата на „Twitter Blue“ (за верификација на профилот) е недоволна за да се компензира загубата на приходи.

Но, првиот човек на компаниите Tesla и SpaceX продолжува да го реализира својот план, охрабрен од повратните информации односно реакциите на неговите обожаватели.

Работиме напорно за да го направиме вашиот довод што е можно поинтересен… Каква е ситуацијата денес со пред шест месеци ?“, праша тој во анкетата во неделата објавена на социјалната мрежа.

Околу 46 отсто од 1,5 милиони гласачи одговориле „подобро“, а 38 отсто „полошо“.

Кога поединци и компании избираат локација за рекламирање, тие земаат предвид различни параметри, вклучувајќи го бројот на дневни (или барем месечни) активни корисници, просечното време поминато на платформата и „ангажманот“, т.е. бројот на интеракции со содржината (коментари, допаѓања, итн.). Според истражувачката компанија Insider Intelligence, приходите на Твитер ќе се намалат за 28 отсто оваа година бидејќи „рекламните не му веруваат на Илон Маск“.

Во интервју за BBC, тој ги увери во спротивното, тврдејќи дека е забележано враќањето на огласувачите и дека се работи за „неповолна точка“.