Монти Вилијамс е нов тренер на Детроит Пистонс

Довчерашниот тренер на Феникс, Монти Вилијамс седна на клупата на Детроит. Стретегот кој доби отказ во Феникс откако беше елиминиран од Денвер во плеј-офот, синоќа се договорил со челниците на Детроит и ги презема Пистонс со шестгодишен договор вреден 78,5 милиони долари, што е најголемиот тренерски договор во историјата на НБА.

Искусниот стручњак имаше 63% победи со Санс во текот на четири регуларни сезони, но тие беа елиминирани двапати по ред во конференциското полуфинале. Вилијамс официјално ќе биде претставен следната недела на прес-конференција во Детроит.

„Пред една недела не бев сигурен што ќе донесе иднината, но по разговорот со Том и Троја, бев возбуден што ја слушнав нивната визија за Пистонс. Тие имаа внимателен план и јас сум многу благодарен за акцентот што го ставија на овој договор. Тие покажаа разбирање кон мене и моето семејство во текот на овој процес“, рече Вилијамс. Детроит имаше само 17 победи во НБА оваа сезона.