„Повторно Ѓоковиќ и неговите теории на заговор“ Хрватскиот коментатор жестоко го осуди Србинот: Ова е навистина неверојатно!

На хрватскиот коментатор не му се допадна една од реакциите на Новак по загубениот бод, па се нафрли на српскиот ас.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу мака го совлада Иван Гахов во второто коло на Мастерсот во Монте Карло со резултат 7:6, 6:2 и со тоа обезбеди пласман во третото коло на турнирот.

Русинот му пружи голем отпор на Србинот, особено во првиот сет, кој дури по тај-брејк беше решен во корист на Новак.

Русинот во одредени моменти од првиот сет освојуваше поени на нереален начин, што го исфрустрира Ѓоковиќ, кој во еден момент се пожали дека сите играат против него надвор од своите можности.

,,Сите се разигруваат кога играат со мене“, луто извика Новак по освоениот бод на Гахов.

Тоа го изнервира хрватскиот коментатор кој го пренесуваше натпреварот, па се нафрли на Новак.

„Повторно теориите на заговор што можеме да ги слушнеме од Ѓоковиќ. Навистина неверојатно. Тој вели: „Сите се разигруваат кога играат со мене“, рече Хрватот.