Погледнете во српскиот пасош на Новак Ѓоковиќ! Во него има 40 печати! (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфално мина низ Париз и го крена трофејот на тамошниот Мастерс.

За разлика од некои претходни натпревари, во финалето немаше драма или неизвесност. Го совлада Григор Димитров со убедливи 2:0 и стигна до тронот.

А за големото достигнување, освојувањето на 40. Мастерс во кариерата, доби одлична видео честитка од познатиот канал „тенис ТВ“. Креативниот тим на овој канал ни го подари српскиот пасош на Новак Ѓоковиќ со 40 печати, по еден за секој Мастерс трофеј. Сите со симболичен опис „Господин од целиот свет“.

Во пасошот на Ноле има пет печати од Индијан Велс, четири од Шангај и Монтреал, шест од Рим, три од Мадрид и Синсинати, два од Монте Карло, шест од Мајами и рекордни седум од Париз !