Снимен драматичен момент: Мајка спаси бебе од налетот на бурен ветер кој го скрши прозорецот

Монитор за бебиња го снимил драматичниот момент кога мајка си ја спасува ќерката откако нивниот прозорец од спалната соба бил скршен од силен ветер.

„Почувствував дека нешто ќе тргне наопаку, а потоа се скрши стаклото“, изјави Џесика О’Рајли за моментот на ITV News во нивниот дом во Џерси, најголемиот и најјужниот остров во групата Каналски Острови на Велика Британија.

Во краткиот клип О’Рајли и нејзиното тримесечно бебе спијат, а силен ветер ги разбудил. Одеднаш, налетот на ветерот го скрши прозорецот, а мајката со ќерката во раце истрчува од собата.

„Сè беше полно со стакло, во креветот, на подот, насекаде“, додаде О’Рајли, истакнувајќи дека и таа и нејзината ќерка имале среќа што останале живи бидејќи чувствувала дека „целата куќа ќе се урне“.

Новинарката на ИТВ, Софи Далсон, објави на Х дека и мајката и детето се безбедни и дека се преместени во хотел.