ЛИОНЕЛ МЕСИ дебитираше за Интер Мајами, клубот од Соединетите Американски Држави во кој летово направи трансфер. Аргентинецот влезе во игра во 54. минута на местото на Кремаски во натпреварот од американскиот Лига куп против Круз Азул. Интер Мајами го доби тој натпревар со 2:1, а Меси беше херој во драматичната завршница.
Тејлор му донесе водство на Интер во 44. минута, а Антун израмни во 65. минута. Меси со одличен потег го реши натпреварот во судиското надополнување на вториот дел. Погоди фантастично од слободен удар за конечни 2:1. Трибините во Америка беа во транс по тој гол. Среќни беа и ѕвездите Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, Серена Вилијамс беснееше, но реалити ѕвездата Ким Кардашијан покрај неа не беше многу воодушевена. Погледнете ги реакциите: