Погледнете микс од најдобрите потези на Јокиќ, а ги имаше многу (ВИДЕО)

Српскиот центар имаше трипл-дабл од 36 поени, 21 скок и 11 асистенции.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар во редовите на Денвер, но тоа не беше доволно за победа. НБА шампионот загуби на гостувањето кај Хјустон , иако српскиот центар забележа нов трипл-дабл .

Тој забележа нов трипл-дабл, четврти во сезоната и вкупно 109-ти. Успехот за 38 минути беше 36 поени (13/26 од поле, 8/8 од поле, 2/6 од три), 21 фатена топка (15 во одбрана) и 11 асистенции.

Погледнете ги и најдобрите потези на вечерта на српскиот ас под обрачите.