Фотографката Честити Хобс е голем љубител на животни и веќе има неколку мачки, куче и желка, но најголемата ѕвезда на нејзините социјални мрежи е мачката Куса.
Куса сè уште нема ни една година, а веќе е толку голема што едвај се вклопува во прегратките на ова девојче.
Честити неодамна сподели видео на кое се гледа како Куса од мало бело маче стана огромна мачка за само неколку месеци.
„Немавме поим колку ќе биде големо нашето слатко маче“, напиша инфлуенсерkата покрај видеото.
Она што е уште пофасцинантно е фактот дека Куса ќе продолжи да расте додека не наполнат четири или пет години. Имено, таа припаѓа на расата Мејн Кун, која може да расте и да се развива до петгодишна возраст, за разлика од повеќето раси кои престануваат да растат кога ќе наполнат една година.