Подгорица и Скопје со заедничка апликација за влез во PayPal системот

 Црна Гора и Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање PayPal, беше соопштено на седницата на Владата на Црна Гора.

Министерот за јавна администрација, Мараш Дукај рече дека го чека важна посета на Скопје и за тоа предложил платформа-предлог за средба со министерот за регионален развој.

„Ова е многу важна посета, се однесува на склучувањето на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Македонија за дигитализација и безбедност на информациите. Идеја е и Црна Гора заедно со Македонија да аплицираат за PayPal, што беше предложено од самата компанија“, рече тој.

Мараш вели дека PayPal предложил двете земји да аплицираат заедно за да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања, пренесуваат црногорските медиуми.

Во моментов, во Црна Гора, трансферот на пари од PayPal е можен само во една насока, имено при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што е значајна пречка за сите оние кои планираат да работат онлајн.