“ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ЈА БРАНИМЕ ТЕРИТОРИЈАТА НА НАТО!“ – Германија трајно распоредува војници во оваа земја

Главниот дел од германската воена единица што ќе биде распоредена во Литванија ќе почне да пристигнува во 2025 година, а ќе достигне целосна борбена готовност до 2027 година, порача министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, денес на прес-конференција министерот за одбрана на Литванија, Арвидас Анусаускас.

Борис Писториус вели денеска дека договорот за трајно распоредување на германската бригада во Литванија е „историски момент“ посочувајќи дека е првпат Германија да стационира свои војници надвор од нејзините граници подолго време.

Ние сакаме и сме подготвени да ја браниме територијата на НАТО“, порача Борис Писториус.

Според него, единицата на Бундесверот што ќе биде распоредена во Литванија треба да биде целосно распоредена до 2027 година.

Борис Писториус објасни дека по руската инвазија на Украина беше одлучено да се распореди долгорочна единица во Литванија во координација со НАТО, која ќе ја сочинуваат 4.800 војници и околу 200 цивили.