Пожарникари од Гевгелија и Дојран го изгаснаа пожарот кај селото Ѓопчели

– Пожарот кој избувна околу 15 часот на отворено кај селото Ѓопчели, Општина Дојран и зафати сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума е изгаснат.

Преходно Центарот за управуање со кризи (ЦУК) информираше дека по дојавата за пожарот на терен веднаш излегле пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и двајца пожарникари и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран со едно возило и три пожарникари.

Според информации од теренот, пожарот избувнал под Ѓопчели, на локација меѓу патот за Дојран и селото.

На 5-ти овој месец имаше голем пожар кај селото Николиќ, кое е во близина на Гопчели.