Уапсен е најбараниот човек во Грција: Овој хулиган беше еден од иницијаторите за хаосот со трагичен епилог во Атина!

Конечно е уапсен навивачот на Панатинаикос одговорен за нередите во Нова Филаделфија кои доведоа до убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис.

Грчкиот навивач е уапсен во неговата куќа во областа Гиза, јавува грчкиот портал Њузит, а куќата се претресува.

Тој бил идентификуван благодарение на снимките од инцидентите во Нова Филаделфија.

Во минатото, според медиумите, бил вклучен во разни навивачки нереди.