(ФОТО) ДОЈДЕ “ПИЈАНА” НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОСКАРИТЕ : Ги шокираше со своето однесување, сите се прашуваат ШТО И СЕ СЛУЧИЛО

Бизарното однесување на познатата актерка Никол Кидман не престанува да се коментира и во медиумите и на сите социјални мрежи. Потресните слики предизвикаа вистинска бура меѓу нејзините обожаватели.

Полека се сумираат впечатоците од 95-тo гламурозно доделување на Оскарите кое дефинитивно ги одбележа Никол Кидман! На мрежите сите руморат и зборуваат за познатата актерка ! Твитерџиите не го коментираат нејзиниот стајлинг, кој инаку беше многу добар – долг црн фустан кој на идеален начин ја истакна нејзината линија, туку се загрижени за нејзиното однесување. Сепак, светската ѕвезда се уште не го коментирала својот настап на церемонијата, каде што беше во улога на водителка.

Имено, Никол изненади многумина со изразите на лицето, начинот на кој одеше, се поздравуваше со колегите , а особено за време на интервјуто за ABC кога премногу се приближи до камерата.

И славната убавица не можеше да се воздржи, па на црвениот тепих пред бројните папараци страсно го бакна својот сопруг Кит Урбан, оставајќи ги присутните без зборови. Изгледа како да сакале да покажат и докажат дека и по 17 години брак нивната љубов се уште цвета.

“Дали Никол Кидман е пијана?” се коментираше на Твитер, каде некои додадоа: “Ама што, навистина е пијана”, “Изгледа е, погледнете ги сите тие чудни потези”.

Скандалите и недоличното однесување на оваа дама не и се непознати, а често предизвикуваат поплава од реакции. Веројатно се сеќавате на необичниот аплауз кој личеше на се освен на аплауз, како и на многу други сосема необични постапки.