ПОЗНАТАТА ГЛУМИЦА СОПРУГОТ ЈА ПРЕТЕПАЛ А ПОТОА ПУКАЛ СО АВТОМАТСКА ПУШКА: Којзнае што ќе ѝ се случеше ако соседите не повикаа полиција

Познатата српска актерка се прослави со многу улоги во филмската индустрија, а повеќето гледачи ќе ја паметат нејзината улога во серијата „Белиот брод“. Мина нема и немала лесен живот, а дознајте какви несреќи ја снашле:

Мина Лазаревиќ важи за една од најубавите српски актерки, но дали знаевте каква трагична животна приказна има таа?

Во 2015 година, Мина беше жртва на семејно насилство. Нејзиниот тогашен сопруг Горан Станиќ ја претепа актерката во нивната семејна куќа. По насилството, Станиќ во налет на бес почнал да пука со автоматска пушка.

Недолго по пукањето, соседите исплашени повикале полиција, која по пристигнувањето ја затекнала актерката претепана.

Кај Станиќ биле пронајдени и каписли за детонатор, па полицијата, освен за семејно насилство, го сомничи и за предизвикување општа опасност и недозволено поседување оружје и муниција.

На Станиќ му беше одреден 48 часовен притвор и треба да биде сослушан од обвинителот.

Инаку, Мина и Горан се венчаа во 2008 година по три години врска и имаат две деца кои не биле во станот кога се случил инцидентот. Актерката има и син од првиот брак.

Не долго по овие инциденти, актерката мораше да се соочи со нов животен предизвик – рак на штитната жлезда, кој на крајот мораше да го отстрани.