ПОЗНАТА ХРВАТКА ВО ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО ДОЗНА ДЕКА НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ ЈА ИЗНЕВЕРУВА! Регионот брмчи од сцената со Еуро: Шокантна СНИМКА ОД ХОТЕЛОТ ја запали јавноста!

Една од најпознатите хрватски спортистки во историјата, Бланка Влашиќ , дознала дека нејзиниот сопруг, познатиот спортски новинар Рубен ван Гухт, ја изневерува, а тоа се случи во програмата во живо!

Ван Гухт моментално известува од Еуро во Германија, а при неговото вклучување во телевизиска програма зад него се гледаа женски нозе. Кога уловил што се случува, новинарот се обидел да ја сокрие сцената со шолја кафе, но веќе било доцна, а шокантното видео почнало да кружи на социјалните мрежи.

Бланка и Рубен се венчаа на 26 мај годинава, а сега е јасно дека бракот ќе се разниша доколку Ван Гухт не успее да ја објасни целата ситуација. Од контроверзното видео, до сега, Рубен ван Гухт само еднаш проговорил преку својот Инстаграм профил, но ништо не спомнал за скандалот.