Адин Рос, познат американски Јутјубер кој има повеќе од 7 милиони следбеници на социјалните мрежи, откри дека го загубил домот од соништата откако Лионел Меси ја купил куќата што ја сакал на аукција.
Во своето последно видео кое го објави на својот канал на платформата Кик, тој се пожали дека аргентинската ѕвезда му ја „украла пред нос“ толку посакуваната куќа.
Сепак, Адин Рос тврдеше дека има информации дека родителите или бабата и дедото на Меси треба да живеат во куќата што ја купил Аргентинецот.
“Лео Меси ме остави без дом во Мајами. Навистина сакав одредена куќа, но изгледа ќе морам да ја изградам сам, бидејќи ќе биде невозможно да најдам друга куќа како неа. А вистината е дека мојата понуда беше надмината со многу познат и многу богат спортист. Да, се работи за Меси. Всушност, мислам дека таа куќа беше за неговите родители. И верувајте, можев многу да платам. Тој беше побрз и ми ја зеде куќата“, изјави Адин Рос во својата видео на Kick платформите .
Да потсетиме, Лионел Меси (36) летото се пресели во Интер Мајами по разделбата со ПСЖ, а пред неколку дена ја освои својата осма Златна топка.