Покрај Коста ниту мува не може да пролета! Момчето – психопат го чуваат како Ал Капоне!

Додека трае испитувањето на неговата психичка состојба, тој е целосно изолиран од надворешниот свет. До него можат да дојдат само неколку лица кои го водат истражниот процес поврзан со ова дело, но и тие мора да поминат низ ригорозна постапка.

Репортерите на српска „Република“ се увериле во неверојатните безбедносни мерки околу овој дел од бплницата а сите детали за безбедносната процедура ги дознале од извор во клиниката.

– Набљудувањето на психичката состојба на ова момче не само што мора да се одвива во тишина, туку тука се работи и за спречување на евентуални несакани дејствија на оние кои се најпогодени од оваа трагедија – објаснил соговорникот кој секојдневно е на клиниката.

Со други зборови, безбедносните служби се плашат од одмазда откако Коста уби девет соученици и еден училишен чувар.

Околу болницата има опсада на која мораа да се прилагодат сите што работат овде, но и родителите на другите деца кои се лекуваат таму.

Полициско возило е стационирано на рампата 24 часа, а патролата ги надгледува сите влезови. Под полициски надзор е и задната страна на зградата. На сите врати и прозорци има решетки. На паркингот неколку специјалци кои го набљудуваат влезот.

За секое влегување во болница, дури и родителите на децата, кои лежат во клиниката, треба да побараат дозвола од вработените и да подлежат на ригорозна контрола.

– Ова е, како што велат, до која мува не може да прелета. Во секое време, болницата ја обезбедуваат многу униформирани полицајци, а инспекторите во цивилна облека внимаваат на секој што ќе дојде тука. На овој начин Коста е спречен да добие какви било информации однадвор – вели изворот и објаснува дека момчето убиец се наоѓа на првиот кат, во дел од болницата кој е апсолутно недостапен за другите, и за персоналот и за пациентите.

Вештачењето сè уште не е комплетно

Коста е на преглед од стручен тим од психолози и психијатри, а тој ќе остане на клиниката. Од нивните наоди зависи и неговата судбина. Тој извештај ќе биде составен дел од истрагата за невиденото масовно убиство на 3 мај во „Рибникар“ и ќе влијае на сите правни чекори што ќе бидат преземени против убиецот. Зошто Коста решил да убива во училиштето со 57 куршуми од пиштол и колку за тоа се одговорни неговите родители, се прашања на кои се очекува да одговори и стручниот тим. На ниту еден од вработените во клиниката веќе не му е чудно што секој мора да помине низ ригорозна процедура.

– Еве, гледаш. Стражарот е тој што ја отклучува и заклучува вратата. Докторите се вртат и кон него за да влезе. Истото важи и кога родителите доаѓаат да ги посетат пациентите. Пријавуваат дека пристигнале, информирана е медицинската сестра во одделението, која точно треба да знае дали некој дошол на посета или да остави нешто на детето или пак, оди на лекар. Медицинската сестра се симнува да го земе тоа лице и го носи онаму каде што треба, по правила кои се многу построги од порано – објаснил соговорникот.

Како што вели, зголемен е и бројот на персоналот во овој дел од клиниката:

– Медицинската сестра на шалтер и неколку од нив на главниот влез запишуваат во тетратка секој што ќе влезе само кога ќе им биде одобрен прием на преглед или во болница. И тие се потсетија на задолжителната претпазливост и можам да ви кажам дека не им е лесно.

Секој новинарски тим што се обидел да влезе во болницата бил спречен во тоа и учтиво било побарано да ја напушти.