Политички земјотрес во Германија: Шолц нема да е повеќе канцелар, зададен му е последниот удар

Германскиот канцелар Олаф Шолц би можел предвреме да ја напушти функцијата поради губење на довербата, пишува весникот La Repubblica, повикувајќи се на свои извори.

– Во 2024 година канцеларот би можел да биде принуден да престане да ја води земјата. Се шпекулира дека случајот Wirecard и односите со Јан Марсалек може да му го зададат последниот удар на лидерот на социјалдемократите – пишува весникот.

Како што пишува весникот, три четвртини од Германците се незадоволни од активностите на Шолц и неговата партија. Еден од најочигледните фактори на недоверба беше скандалот Wirecard.

Во јуни 2020 година, кога актуелниот канцелар беше министер за финансии, Wirecard беше обвинет за измама откако ревизорите забележаа недостиг од 1,9 милијарди евра. Но, Шолц и неговото министерство се обидоа да ја заштитат корпорацијата од нападот, што предизвика незадоволство и сомнеж.

Еден од водечките менаџери на Wirecard, Австриецот Јан Марсалек, побегна. Германските медиуми тврдат дека тој можеби е во Русија или Белорусија. Амбасадата на Австрија во Москва за РИА Новости изјави дека нема информации за тоа каде се наоѓа поранешниот главен извршен директор. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не знае ништо за „транспортот“ на Марсалек.