Полицијата апси функционери на ДУИ: Голема акција во Скопје, Неготино и Кавадарци, 15 лица ќе завршат на “топол оброк” 3 пати на ден!? Переле пари со нафтени деривати!?

Вкупно 15 лица, претежно од Скопје, но и од Кавадарци и Неготино беа цел на утринската акција на македонската полиција во соработка со Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-ОЈО ГОКК.

Станува збор за три кривични дела, перење пари, злоупотреба на службена положба и даночно затајување, потврдуваат лица кои се запознаени со истрагата.

Станува збор за даночна пирамида при што е направена штета на буџетот од околу еден милион евра.

Во рамки на акцијата е приведено лицето Исмет Гури, поранешник заменик директор на скопската дирекција на УЈП. Тој претходно беше сменет од таа функција по внатрешните расколи во партијата, а споменатиот поранешен функционер се приклучил кон Огнената група предводена од Изет Миџети.

Минатата недела Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3. Тој беше поранешниот член на Општинската изборна комисија на Чаир, осомничен за кривичното дело „изборна измама“ на изборите во 2013 година, во случај почнат од поранешното Специјално Јавно Обвинителство. Минатата недела Гури беше осуден на 3 и пол години затвор за изборни злоупотреби во случајот Титаник 3.

Освен Гури приведени се уште две лица врабиотени во Управата за јавни приходи во Скопје во секторот Регистрација чија задача е да ја потврди веродостојноста на поднесените пријави до УЈП.

Станува збор за случајот даночна пирамида за кој опизициската ВМРО ДПМНЕ држеше неколку пресови во текот на минатата година.

Според информациите на портарол Во Центар целата истрага се води долго време. Во рамки на маргините на целата акција, но не и како “непосредни извршители”, туку дел од нив како “злоупотребени лица”, беа вклучени и повеќе фирми од Скопје, Неготино, Кавадарци и Струмица. Меѓу нив имало и познати имиња од нафтениот бизнис. На крајот еден од нив платил “затаен данок” на државата во вредност од околу три милиони евра.

Целата акција почнува во координација на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР и Управата за јавни приходи, кои ги доставуваат првичните информации до ОЈО-ГОКК уште во текот на минатата година.

За направеното од страна на споменатиот Гури во текот на минатата година ( додека се уште не постоеше Огнената група во ДУИ ) бил информирани Али Ахмети кој рекол дека истрагата треба да оди до крај без разлика на партиската припадност на осомничените лица.

Акцијата се одвивала подолго време, а била почната по сомнежи во Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР. Меѓу приведените се и бизнисмени, сметководители и инспектори.