Полицијата пронашла импровизирана направа во куќата на студентот кој во Прага уби 14 и рани 25 лица

Портпаролот на полицијата рече дека инспекторите пронашле и плински боци со отворени вентили

За време на претресот, полицијата пронашла импровизирана експлозивна направа во куќата во селото Гостон каде живеел студентот кој во четвртокот уби 14 лица во зградата на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карлов во Прага , изјави денеска полицискиот портпарол Јан Данек. .

Данек рече дека иследниците пронашле и плински боци со отворени вентили.

Најверојатно имал намера да ја разнесе куќата, а евентуална трагедија била спречена од полицијата и пожарникарите, истакна Данек, пренесе Интернационалното радио Прага.

На Филозофскиот факултет во Прага во четвртокот студент уби 14 и рани 25 лица, а потоа се самоуби.