Полни се со ПЕСТИЦИДИ: Овие овошја и зеленчуци се прскаат неколку пати, ИЗБЕГНЕТЕ ги или добро измијте ги пред употреба
Забележете го ова пред консумирање…
Пристигa сезоната на свежо овошје и зеленчук. Сепак, тоа не значи дека сите овошја и зеленчуци се подеднакво здрави за јадење, бидејќи многу овошја и зеленчуци се прскаат со хемикалии неколку пати.
Органската храна која не содржи вештачки бои, адитиви и хемикалии е вистински извор на витамини, минерали, протеини и други важни хранливи материи. Со секое купување размислете каква храна ставате во себе, односно какви оброци подготвувате за вашето семејство.
Поради оваа причина, ако сте во можност сами да одгледувате овошје и зеленчук, не е тешко и не ви треба многу простор. Покрај тоа што е добро за физичкото здравје, градинарството одлично влијае и на менталната состојба, бидејќи докажано е дека смирува и релаксира и е една од водечките медитативни активности.
Овие намирници најмногу се прскаат и треба да се избегнуваат, а доколку не можете да им одолеете, тогаш добро измијте ги пред употреба или оставете ги малку во вода во која претходно сте полиле сода бикарбона:
- Јагоди
- Јаболка
- Нектарини и праски
- Грозје
- Марула
- Цреши
- Спанаќ
- Домати
- Пиперка
- Краставица
Ако сакате секогаш да имате свежи јагоди, можете да ги одгледувате и на тераса, погледнете како.