Поминаа речиси две години од украинско-рускиот конфликт, но Путин го повика палестинскиот претседател да ја „реши“ ситуацијата во Газа

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот имаше телефонски разговор со шефот на палестинската управа Махмуд Абас.

Страните разговараа за начините за деескалација на конфликтот во Газа, како и за напорите за хуманитарна помош, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесува Телеграф.

Во соопштението, исто така, се вели дека Абас се согласил да ја посети Русија, но не се наведени дополнителни детали.

Русија и претседателот Путин силно ја поддржаа Газа во овој конфликт, поддржувајќи ги и повиците за итен прекин на огнот во ОН. Од друга страна, борбите во Украина траат речиси две години, во она што рускиот претседател го нарекува „специјална воена операција“.

Конфликтот меѓу Хамас и Израел започна на 7 октомври, кога палестинската милитантна група изврши ракетни напади врз Тел Авив.

Како одговор на овие напади, Израел почна да го бомбардира Појасот Газа, како и да мобилизира копнени трупи таму.