Финансиската полиција во понеделник ќе влезе во градот Скопје

Финансиската полиција во понеделникот влезе во градот Скопје во врска со набавката на украси за Нова година на главниот град.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, информира дека украсувањето на главниот град ќе чини 30 илјади евра, многу помалку во споредба со другите години.

По коментарите во јавноста за новогодишното украсување во Скопје и реакциите дека нема распишан тендер, Град Скопје излезе со информација дека украсувањето на градскиот плоштад, главните улици и новогодишниот базар е финансирано преку јавен повик, а кој се објавува согласно актите и прописите како и сите други јавни повици.

„Ова досега неколку пати е кажано, детално објаснето и транспарентно презентирано во јавноста. Затоа, секоја друга „вест“ е обид за манипулација, сензационализам и шпекулација“, информираат од Град Скопје.

Во меѓувреме, поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов преку статус на Фејсбук побара оставка од градоначалничката Арсовска. Според него, Скопје е во процес на целосно уништување и сугерира дека напролет ќе има избори за Скопје.