ПОМЛАДА И ОД ЌЕРКА И- Ова е тајната на убавината на најмоќната Арапка: Во 7-мата деценија ИЗГЛЕДА КАКО ДЕВОЈКА

Познатата Моза бинт Насер стана најбогатата жена со бракот со катарскиот шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, а со него имаше седум деца.

Познато е дека Моза е кралица на стилот, и дека секоја нејзина модна комбинација привлекува големо внимание, како и дека носи само дизајнерска облека. Многумина се прашуваат што му должи на нејзиниот младешки изглед и која е тајната на нејзиното лице.

И покрај тоа што има 63 години, Моза изгледа како да има 30. Често се коментира дека Моза изгледа помладо дури и од нејзината ќерка, додека се шпекулира и дека потрошила 2 милиони долари за да плати 12 пластични операции.

Сепак, нема официјални податоци за нејзините козметички зафати, додека на нејзиното лице се изгледа природно. Па, што е тоа што ја прави Моза толку младешка?

Можеме да го припишеме на арапската култура. Жените таму се грижат за себе на посебен начин. Исто така, познато е дека се покриваат, а нивната кожа е максимално заштитена од надворешни влијанија, што ја прави поздрава, поеластична и помлада.

Посетуваат и амами каде се релаксираат и се грижат за себе. Ориенталните бањи совршено ја чистат кожата и ги отстрануваат токсините од телото. Кога жената се поти, се отстранува горниот и пооштетен слој на кожата, што дава дополнителен сјај, еластичност и мазност на кожата на лицето и телото.

Арапските жени користат природна козметика за да се грижат за себе, што им дава посебен сјај.

Моза е исклучително образована жена, со дури седум почесни докторати. Сепак, на нејзиното лице нема знаци на стрес или напор, а Моза секогаш е насмеана, што можеби е уште еден трик на нејзиниот младешки изглед.