Попладнево се очекува Блинкен да пристигне во Скопје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево се очекува да пристигне во Скопје, каде ќе учествува на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, што ќе се одржува од денеска до 1 декември.

Учеството на самитот на ОБСЕ Блинкен ќе го започне со средба со шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. Тој во Скопје мора да пристигне од Брисел, каде што учествува на министерскиот состанок на НАТО, додека по средбата со Османи, американскиот државен секретар треба да учествува на неформална вечера што му претходи на Министерскиот совет, кој официјално започнува утре. По Скопје Блинкен заминува за Израел.

Во најавата на Стејт департментот за посетата на Блинкен на Скопје се наведува дека тој ќе ја потврди цврстата посветеност на САД кон ОБСЕ и нејзината основна мисија за унапредување на безбедноста, стабилноста и соработката меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирното решавање на споровите. Секретарот Блинкен ќе ја нагласи и клучната улога на ОБСЕ во промовирањето на сеопфатната безбедност во регионот и ќе и се заблагодари на Македонија за нејзината лидерска улога.

Министерскиот состанок во Скопје го означува присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација, Антони Блинкен и Сергеј Лавров, што го прави еден од ретките настани каде двајцата ќе бидат на исто место за прв пат од почетокот. на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Во моментов нема најава за средба помеѓу Блинкен и Лавров.