Популарниот српски фолк пејач шокираше со својата исповед: „Спиев со 350 жени и бев во групен секс со 15 од нив“

Контроверзниот српски фолк пејач Дарко Лазиќ шокираше со својата исповед за сексуалниот живот. Меѓу другото, тој откри дека имал групен секс со 15 девојки и дека плаќал на проститутки, пишува Курир.

Пејачот изјави дека во своите дваесетти сакал се да проба, па после секој настап во странство сакал да си ги исполни сексуалните фантазии.

Според мене, човек кој не платил за секс со проститутка не е сосема нормален! Секој нормален маж пробал се и сешто! Јас и мојот пријател бевме со 15 жени одеднаш! По моите настапи правев секакви работи, веќе не се ни сеќавам, изјави Лазиќ за Курир и додаде дека потрошил многу пари на своите „сексуални егзибиции“.

Сигурно се илјадници евра, но не се сеќавам бидејќи беше одамна. Бев навистина луд! Тоа е одамна и веќе не го правам тоа. Порано бев со проститутки, но денес имам жена што ја сакам, вели српската фолк ѕвезда.

Лазиќ вели и дека се снимал неколку пати за време на секс, но тврди дека тие видеа никогаш никому не ги праќал.

-Нема жена и маж што не се снимиле барем еднаш за време на секс, вклучително и јас! Тие снимки ги чував во телефонот и никогаш никому не ги праќав ниту ги злоупотребив, бидејќи никогаш не бев доволно добар во сексот – низ насмевка вели Дарко и продолжува:

Покрај тоа, имам почит кон девојките и никогаш не би ги злоупотребувал и не би го открил нивниот идентитет само за да се пофалам на моите пријатели.

Пејачот вели дека престанал да брои со колку жени спиел.

Сигурно сум бил со повеќе од 350 жени! Кога стигнав до 300, престанав да бројам – вели Лазиќ и забележува дека никогаш не бил со травестит:

Никогаш не сум спиел со транс!

Лазиќ открива дека веќе се оженил со својата партнерка Катарина , но дека планира голема свадба дури на лето.

Живееме во Нови Сад и се сакаме толку многу што не би било важно дали сме во колиба или на клупа во парк. Ќе правиме свадба на лето и ќе биде национална веселба! – заклучи пејачот.