Поради војната во Израел откажан е турнирот на кој Ѓоковиќ ја одбрани титулата

Тенискиот турнир во Тел Авив, кој требаше да се одржи на почетокот на ноември, беше откажан поради војната меѓу Израел и Хамас.

Според АТП, одлуката за откажување е донесена по консултација со безбедносни експерти и имајќи ја предвид безбедноста на играчите и навивачите.

„Силно ја осудуваме секоја форма на тероризам и жалиме за загубата на невини животи во овој конфликт. Се надеваме и се молиме за мир во регионот“, рече претседателот на АТП, Андреа Гауденци.

Во минатогодишното финале, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во два сета го победи Хрватот Марин Чилиќ.

Моментално најдобриот светски играч сигурно не планираше да настапи на овогодинешното издание на турнирот што требаше да се одржи од 5 до 11 ноември.

До крајот на сезоната, Ѓоковиќ ќе игра во Париз, на завршниот турнир во Торино и на Фајнл-8 на Дејвис купот во Малага.