Поради затемнување на стаклата на возилата санкционирани 159 учесници во сообраќајот

Во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи поради затемнување на стаклата на возилата санкционирани се 159 учесници во сообраќајот.

-Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 159 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Од МВР, посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.