УЕФА ЈА ПРОДАВА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ЗА НЕРЕАЛНА СУМА !? Еве за што се работи и како тоа ќе биде соопштено во јавноста

Шпанскиот весник OK Diario денес објави дека финалето на Лигата на шампионите во 2030 година ќе се игра во Абу Даби како дел од новиот шестгодишен договор на УЕФА со Обединетите Арапски Емирати. Според шпанските медиуми, ОАЕ ќе и плати на УЕФА 2,2 милијарди евра.

Овој договор меѓу УЕФА и таа богата земја е одговор на судската одлука поврзана со проектот Суперлига, кој се очекува наскоро во Луксембург.

УЕФА знае дека на 21. декември би можела да ја загуби тужбата пред Судот на Европската унија поврзана со Суперлигата и се договори со Абу Даби да биде спонзор на Лигата на шампионите. Сакаат да ја направат поатрактивна за клубовите и да избегнат дезертирање во Суперлигата“, изјави Едуардо Инда во емисијата „El Chiringuito de Jugones“. 

Одлуката треба да биде официјализирана на 7. февруари, пред ждрепката на Лигата на нации.

УЕФА, пишуваат Шпанците, ќе ги продаде правата за сите свои натпреварувања, вклучително и женски фудбал и мал фудбал, за Блискиот Исток.