Поради неверојатната боја на крзното, Чијо го освои интернетот: Најубавата мачка што сум ја видел

Сопственичката на прекрасната мачка Чијо пред неколку дена сподели своја фотографија на Редит, а набрзо таа стана вирална на таа социјална мрежа.

Имено, Чијо има бело крзно кое е попрскано со сиви пругасти дамки, поради кои изгледа како снежен леопард. Многу корисници на Редит пишуваат дека никогаш не виделе толку убава мачка.

Иако некои корисници биле убедени дека Чијо има витилиго – нарушување на пигментацијата на кожата што може да влијае и на бојата на крзното, нејзината сопственичка објаснила дека Чијо е родена со оваа боја на крзно. Ветеринарите кои ги посетила и кажале и дека нејзината мачка нема витилиго, туку веројатно ретка генетска мутација која влијае на бојата на крзното.

„Никогаш не сум видел мачка со вакво крзно, а во животот сум видел толку многу мачки што не ни знам колку“, напишал еден корисник.

„Ова е дефинитивно една од најинтересните мачки што сум имал прилика да ги видам“, додаде друга.

„Човеку, ова е најубавата мачка што сум ја видел!“

„Се надевам дека мојата мачка нема да го прочита ова, но Чијо е прекрасен“, напишал еден корисник.