Пораз за македонските одбојкарки на гостувањето во Летонија

– Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Летонија на гостински терен со 3:0, по сетови 25:19, 25:17 и 31:29.

За „црвено-жолтите“ ова беше петти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига.

Во вториот натпревар од 5. коло вечерва играат Австрија и Естонија.

Естонија е прва на табелата со 12 бода, Австрија има 9, Летонија 6, Македонија е последна без освоен бод.