Порака од Германија по тепачката во косовското собрание: „Добродојдовте…“

Сонеборн на Твитер објави видео на кое се гледа тепачка меѓу претставници на Демократската партија на Косово и членови на Владата на Косово со опис „Собраниска седница со премиерот Албин Курти на 13 јули 2023 година.

Потоа иронично коментираше:

– Во април Европскиот парламент го отвори патот за Косово: „Добредојдовте во Шенген зоната од 1 јануари 2024 година“.