Поранешната асистентка на славниот Вин Дизел го обвини за сексуална злоупотреба: “Насилно ме допираше по градите!“

Поранешната асистентка на славниот актер Вин Дизел во четвртокот поднесе тужба против него, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал во 2010 година и дека таа била отпуштена од работа само неколку часа подоцна.

Во тужбата, поднесена во судот во Лос Анџелес, поранешната асистентка, Аста Јонасон, тврди дека Вин Дизел ја нападнал во хотелска соба во Атланта додека работеле на филмот „Fast and Furious“.

Претставниците за односи со јавноста на Вин Дизел не одговориле веднаш на барањата за коментар од медиумите.

Сексуалното вознемирување на работното место никогаш нема да заврши ако моќните мажи се заштитени од одговорност“, вели Клер-Лиз Кутлај, адвокатка на Аста Јонасон, во писмената изјава.

Се надеваме дека нејзината храбра одлука да излезе ќе помогне да се создадат трајни промени и да се зајакнат другите кои го доживеале тоа“, нагласила адвокатката.

Во нејзината тужба, Аста Јонасон тврди дека Вин Дизел насилно ги допирал нејзините гради и ја бакнал откако ја поминал ноќта забавувајќи се со повеќе жени во неговиот хотелски апартман.