СЛАВНИОТ БРАЗИЛЕЦ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА! Започнал БИЗНИС во затвор, а судот НЕКОЛКУ пати одбил кауција!

Судењето на еден од најодликуваните играчи во историјата на фудбалот, Дани Алвеш, ќе се одржи од 5 до 7 февруари следната година, официјално соопшти судот во Барселона , пренесува BBC.

Бразилецот беше обвинет од 23-годишна жена за силување на крајот на минатата година во ноќен клуб во Бразил.

Откако ги сослуша сите странки, судот во јануари одреди притвор без можност бразилскиот фудбалер да излезе од затвор. Истражниот судија го обвини поранешниот играч на Барселона во август, а судот оцени дека се собрани доволно докази за да се отвори судски процес.

Обвинителството во главниот град на Каталонија побара деветгодишна затворска казна за Алвеш, додека адвокатите на оштетениот побараа најмногу 12 години за поранешниот репрезентативец на „Селеса“.

Алвеш постојано ги негираше обвиненијата, но судот постојано одбиваше да го ослободи со кауција.

За време на својата богата кариера, Дани Алвеш освои 42 трофеи , а за „Кариока“ одигра 126 натпревари.