ВИДЕО | Фудбалерите на Реал Мадрид славеа, а на другата клупа настана тотален хаос: Тренерот на Алавес скрши се околу себе и го нападна својот помошник

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа тешко извојувана победа на гостувањето кај Алавес. Откако во 54. минута останаа со играч помалку поради исклучувањето на Начо, натпреварот се одвиваше без големи прилики на двете страни и се чинеше дека натпреварот речиси сигурно ќе заврши без постигнати голови.

Сепак, решавачкиот момент дојде во судиското надополнување, кога Шпанецот Лукас Васкез од корнер добро го фати центаршутот на Тони Крос и ја „украде“ победата на гостинскиот тим.

Тренерот на Алавес, Луис Гарсија, кој не можеше да се опорави по голот, тешко го проголта овој пораз. Луис Гарсија потполно полуде, почна да вреска на својата клупа, па дури и нападна еден од своите помошници.

Видеото од неговата реакција може да го погледнете ТУКА.

Реал Мадрид со оваа победа го презеде врвот на табелата од Жирона, додека Алавес сега е на 16. место со три бода повеќе од Селта Виго која е во зоната за испаѓање.