Поранешна ескорт дама за првпат проговори за интимните врски со познати фудбалери: “Кога изби скандалот, сакав да се убијам…“

Познатата екорт дама, Захија Дехар, имаше само 17 години кога се најде во центарот на вниманието на светската јавност. Причина ? Нејзините услуги често се поврзуваа со познати светски фудбалери, а меѓу нив беа и француските репрезентативци Франк Рибери и Карим Бензема.

Овие двајца врвни спортисти поради неа за малку ќе ја завршеа кариерата, бидејќи кога се дозна дека постојат експлицитни снимки со Захија Дехар, се случи голем скандал во ФранцијаФранк Рибери и Карим Бензема се најдоа на столбот на срамот, но и на суд поради интимните односи со малолетничка. Сепак, само неколку години подоцна, тие беа ослободени.

Од тогаш поминаа 13 години, па Захија Дехар сега реши да открие некои детали.

слика
Захија Дехар

Скандалот многу ме погоди бидејќи не го побарав, ниту го испровоцирав. Не пријавив ниту пак отидов во полиција. Тие дојдоа по мене затоа што имаа видеа од мене со Карим Бензема“, изјавила Захија Дехар.

Таа додала дека е искрена и дека на фудбалерите не им открила дека е малолетна и дека не ја принудувале на секс.

Моето име одеднаш се појави во медиумите. Тоа ме натера дури и да размислувам за самоубиство. Кога те означуваат така, тоа е најлошото нешто што може да и се случи на една девојка или жена во ова општество, а започнувањето на возрасен живот после тоа беше многу тешко“, додала таа. 

Сепак, таа успеа да преживее се и денес е успешна актерка, дизајнерка на долна облека и модел.

Тоа беше многу тежок пат. Избрав помеѓу самоубиство и обидот да преболам сè. Беше невозможна мисија да најдам работа и да ги правам работите што ги сакам. Знаев дека секој маж што ќе ми пријде ќе се запраша – Зошто да одам со неа ?“, искрено признала и додала дека не ни размислува за љубов.

слика
Захија Дехар