ПОРАНЕШНИОТ ГОЛМАН НА ВАРДАР “ПРАТИ” 2 ИГРАЧИ ВО БОЛНИЦА: Едниот во несвест, а на другиот му паднал со своите 135 килограми – “Ова никогаш не сум го видел”! (ВИДЕО)
Српскиот голман Дејан Милосављев, еден од најдобрите во светот, без лоша намера закачи двајца противнички играчи кои поради тоа мораа да одат во болница. Доби црвен картон, а на сето тоа и сам се повреди.
Одличниот српски ракометен голман Дејан Милосављев со својот Фуксе се пласираше во полуфиналето на Европската лига, откако во реваншот го победија Кадетен Шафхаузен и на тој начин ја анулираа негативата од првиот натпревар. Потребна им беше победа со пет гола разлика, а Фуксе Берлин победи со 30:24 на домашен терен, па ќе влезат во борбата за пехарот, кој овој клуб досега го освои двапати, а од 2015 година дури пет пати играше во финале.
Натпреварот во Берлин го одбележаа две тешки повреди на ракометарите на Кадетен, а „виновник“ беше Дејан Милосављев. За жал двајца играчи од гостинскиот тим лошо поминаа бидејќи завршија во болница!
Најпрво лошо помина Лукас Хербургер, врз кого по сударот падна Милосављев со своите 135 килограми, поради што веднаш мораше да му се помогне, а проценката на лекарскиот тим беше дека Австриецот мора итно да биде префрлен во болница на дополнителни прегледи. Работата да биде уште полоша, набрзо потоа со нога го собори Зоран Марковиќ, кој во контранапад скокна „длабоко“ во голманскиот простор и во таа прилика голманот со стапалото го удри по лице.
Милосављев доби црвен картон и го повреди стапалото, додека Марковиќ се онесвести и остана да лежи неподвижен. Во болница беше пренесен и швајцарскиот репрезентативец, кој таму дозна дека неговиот тим сепак не успеа да направи пресврт во последните минути и беше елиминиран.
„Никогаш не сум го доживеал ова. Дури моравме да однесеме двајца играчи во болница по натпреварот“, изјави спортскиот директор Дејвид Граубнер, додека Кадетен Шафхаузен дури објави соопштение. Спорните моменти од натпреварот погледнете по 7:35 минута на следното видео и 9:25 минута :